Фросина Михајловска | ЦУП
Сподели

Фросина Михајловска

Практикант

Фросина Михајловска е магистер по Деловно право на Правниот факултет “Јустинијан Први“ во Скопје, со магистерска теза Правна регулација и примена на ФИДИК Договорот „Клуч на рака“ и млад правник кој моментално волонтира во Основниот Граѓански суд  Скопје.

Во поглед на професионалното искуство, Фросина има повеќе практикантски искуства во Управниот суд во Скопје, Шпаркасе Банка Скопје и Основниот Граѓански суд Скопје. Од 2018 до 2019 година Фросина работеше како внесувач на податоци во Каталогот на јавни услуги во рамки на проектот ,,Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги". Нејзина задача беше да обработува  закони и подзаконски акти, идентификува јавни услуги и внесува податоци за тие јавни услуги за надлежни институции, потребни докази и услови за реализирање на јавните услуги од страна на физички и правни лица.

За време на нејзините студии учествува на повеќе конференции и летни школи и се стекнува со повеќе сертификати во повеќе правни области како Европско деловно право, Потрошувачко право и Право на интелектуална сопственост. Одлично зборува англиски и германски јазик.

Моментално е ангажирана во Центарот за управување со промени како волонтер.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk