Нашиот тим

Неда Малеска Сачмароска

Извршен директор

Неда Малеска Сачмароска има 17 годишно искуство во областа на организацискиот и институционалeн развој во јавната администрација и граѓанскиот сектор. Нејзини интереси се јавната политика и јавната администрација, институционални и организациски развој, стратегија и управување, развој на човечки ресурси и менаџмент со промени. 

Од 2007 до 2015 година, таа ги предводи проектите финансирани од Британска амбасада, од областа на реформата на јавната администрација и процес на пристап во ЕУ, работејќи со голем број на владини институции и меѓународни организации. Пред тоа, од 1999 до 2007 година работи во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како координатор на проекти од областа на активно граѓанство, добро владеење и одржлив развој. Од 2000 година работи и како како експерт за родова еднаквост и вклучување на родовите аспекти во јавните политики. 

Таа е сертифициран проектен менаџер според стандардот PRINCE 2, обучувач и ментор за стандарди за управување со квалитет во јавната администрација – Заедничка рамка за оценка (CAF). Во текот на целиот свој професионален живот, таа работи како обучувач и консултант за институционален развој / организациско јакнење, стратешко лидерство и креирање јавни политики, човечки ресурси, стандарди за управување со квалитет, родова интеграција и буџетирање , итн. 

Моментално таа го предводи Центар за Управување со Промени ( ЦУП ) , организација која работи во областа на политичкиот дијалог , мониторинг и евалуација на јавните политики подобрување на институционални / организациски капацитети и зајакнување на луѓето. Малеска е дипломиран психолог, поседува магистратура од областа на социјалната политика и ја подготвува својата докторска теза во областа на јавните политики и менаџмент. Таа е автор на публикации и статии.

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk