Имплементација на Стратешко управување со ризици | ЦУП

Имплементација на Стратешко управување со ризици

Сподели
1 ден
4 сесии
8 часа
10-20 учесници

За програмата

Програмата претставува основна обука за придобивките од Стратешкото управување со ризиците и мерки за надминување на овие ризици. Обуката е наменета за сите оние кои се вклучени во процесите на унапредување и анализа на неусогласености, особено вработени кои се занимаваат со аналитика на процесите во работењето и имаат искуство со системот на управување со квалитет.

Целта на програмата Подобрување на знаењето за стратешко управување со ризиците и извори на ризици. Мерливост, методи и принципи на управување со ризици. Утврдување на мерки за ублажување на ризиците, преглед, имплементација и евалуација на плановите за управување со ризиците.

Придонес кон развојот на знаења, вештини и способности

На крајот на обуката учесниците ги стекнуваат следните вештини:

  • Стекнување на знаење за дефинирање на техниката за проценка на ризик
  • Утврдување на соодносот меѓу ризик и прифатливо ниво на ризик
  • Стекнување на знаење за контрола на веројатноста од појава на ризик
  • Стекнување на знаење за мерење на влијанието на несреќните настани врз работењето

Содржина на програмата

  • Воведни елементи во стратешко управување со ризици
  • Извори на ризици
  • Стратегија за управување со закани
  • Методи и принципи за утврдување на ризиците
  • Мерки за ублажување на ризикот и третман на ризикот
  • Планови, имплементација, преглед и евалуација на плановите за управуваце со ризиците
  • Техники за проценка на ризиците
  • Работилница со практични примери

Координатор на програмата

Јасна Пајковска

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Таа има работено на проекти во областа на културен развој на деца без родители и проценка на процесот на националната интеграција на основните училишта во земјата. Јасна

Контактирајте не преку овој формулар






ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk