Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев.

Обука за истражувачко новинарство во Штип - прилог на Телевизија Стар

Прилог на Телевизија Стар за обуката за истражувачко новинарство, која во организација на Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права, на 19-ти и 20-ти Октомври, се одржа во Штип. 

Интерактивната обука за студентите по новинарство од универзитетите "Кирил и Методиј" во Скопје и "Гоце Делчев" во Штип  ја одржаа новинарите Снежана Лупевска Созен и Младен Чадиковски, како и адвокатот Лазар Сандев. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Ирис

Прилог на Телевизија Ирис за презентацијата на платформата за соработка и дијалог меѓу граѓанските организации и медиумите, која се одржа во Штип.

"Ние во рамки на проектот имавме 8 мали проекти, финансирани со цел да спроведат заеднички истражувања со граѓански организации и да актуелизираат одредени прашања кои задираат во демократијата и особено во човековите права" - изјави Искра Белчевска Ристовска, проектен менаџер во Центарот за управување со промени. 

Презентација на платформата за истражувачко новинарство - прилог на Телевизија Стар

Различните начини на истражување, од една страна на новинарите и од друга страна на граѓанските организации, придонесоа за исцрпни истражувања, кои денес се пренесени на повеќе медиуми, изјави Искра Белчева Ристовска, проектен менаџер на проектот "Истражувачко новинарство - чувар на демократија и човековите права"

ВЕБ страниците на општините сиромашни со податоци

"Само една општина од 81 општина, само една има објавено податоци и информации за тоа каква е состојбата во однос на нивото на загадувачките супстанции во водата, во воздухот и во почвата. Исто така, најголем дел од општините воопшто не ги ни објавуваат своите урбанистички планови" - изјави извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, во прилот емитуван на телевизијата Алсат-М, подготвен од новинарот Мирко Трајановски.

Таа ги презентираше резултатите од обемното истражување спроведено од ЦУП за веб транспарентноста на општините во Македонија и за тоа што граѓаните  најмногу сакаат да биде јавно објавено од општинските власти.  

За проблемот со привремените вработувања во јавната администрација

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска, одговара на прашањето поставено до платформата Само Прашај, за проблемот со привремените вработувања во јавната администрација и на кој начин праксата на нивната трансформација во постојан работен однос го изигрува системот на вработувања според заслуга , кој треба да се применува во јавниот сектор. 

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии во соработка со Центарот за управување со промени.

 

Одговор на прашање на платформата "Само прашај"

Можат ли граѓаните да бидат вклучени во носењето одлуки на администрацијата?

Д-р Наталија Шикова, од Центарот за управување со промени одговара на прашањето поставено на платформата "Само Прашај"

Анализа на трошоците на екстерното тестирање

Г-ѓа Гордана Стефковска Вељановска дава преглед на направените трошоци за спроведување на екстерното тестирање во период од пет години.

Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести

Изјава на извршната директорка на Центарот за управување со промени - Неда Малеска Сачмароска за ТВ 24 Вести. Кои беа наодите за екстерното тестирање кои Центарот за управување за промени ги објави во септември 2016. Целото истражување е достапно тука, додека пак овде можете да го најдете инфографикот . 

Ставовите и мислењата на граѓаните за јавната администрација се најважни

Државната и јавната администрација треба да биде сервис на граѓаните и на бизнис секторот. Гордана Стефковска Вељановска проектен менаџер на проектот Административна правда објаснува каква е состојвата во Македонија по ова прашање. 

Отворете ги податоците

Погледнете го нашето креативно видео за: Отворени податоци во рамки на проектот Граѓанинот на прво место, кое има за цел да ја подигне свеста за отворени податоци и нивно приближување до пошироката јавност. 

Изјава за медиумите: Ефикасност на државната и јавната администрација

На 29-ти март во хотел Александар Палас се одржа националната средба на тема: Ефикасност на државната и јавната администрација – со работен наслов – вработувањата во администрацијата.

Во рамките на настанот беа презентирани два извештаи, од кои едниот се однесува на обемот на администрацијата, анализиран од различни аспекти. Вториот извештај се однесува на перцепциите и мислењата на граѓаните во однос на големината и ефикасноста на државната и јавната администрација и е добиен со теренско истражување на репрезентативен примерок.

,,Истражувачите во акција"

,, Истражувачите во акција" интервју на Алсат телевизија со Искра Белчева - Ристовска , проектен менаџер во ЦУП 

Отворени податоци на општините

Извршниот директор на Центарот за управување со промени Неда Малеска Сачмароска говореше за концептот на отворени податоци и нивното значење од аспект на транспарентноста и економскиот потенцијал за општините во Република Македонија.

Одговор на прашање на платформата „Само Прашај"

Зошто ние обичните граѓани кои не сме дел од ниедна партија не уживаме исти права како партиските активисти во државната администрација и слични работи поврзани со бенифициите кои партиите им ги овозможуваат на активистите?

Поголема партиципација - подобри политики и регулативи

Промовирање на принципите на добро владеење (отчетност, транспарентност, учество, ефикасност и кохерентност) преку засилено влијание на граѓанските организации во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување одлуки.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk