Искра Белчева - Ристовска | ЦУП
Сподели

Искра Белчева - Ристовска

Програмски координатор

Искра Белчева-Ристовска има дипломирано на Правниот факултет во Скопје, а магистрирано на Правниот факултет на Универзитетот во Гент, Белгија, во областа на Европско и компаративно право.

Таа има долгогодишно искуство во управување со проекти финансирани од Европска Унија во Република Македонија, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ. Има работно искуство во раководството на телото за склучување на договорите од ИПА програмата, при што е одговорна за функционирањето на ИПА структурите во институциите корисници, како и развој на нивните капацитети, за воспоставување и работење на децентрализираниот систем на имплементација на ИПА, за контрола на квалитетот на тендерските документи и постапки, спроведува бројни тендерски постапки, ги координира сите Твининг договори.

Таа учествува како коавтор на повеќе трудови за различни аспекти на подобро искористување на ЕУ фондовите. Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со францускиот јазик.

Области на интерес: Стратешко планирање, Развојни политики, ЕУ интеграции, Институции на ЕУ, Дигитализација на јавен сектор и Управување со податоци.