Центар за управување со промени

Центар за управување со промени

- Мислечка организација

За нас

Здружението за развој Центар за управување со промени е непрофитна, невладина организација која промовира разбирање и ненасилни промени во општеството. Организацијата се фокусира на меки мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати. Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.

Последни новости

Време за дигитализација на што повеќе услуги за граѓаните

Дата: 01.07.2020

Голем исчекор во реформата на јавната администрација е овозможувањето на централна платформа за добивање на електронски услуги од државните институции. Дигитализацијата овозможува поедноставено, поквалитетно и поефикасно добивање на услугите за граѓаните и бизнисите. Фокусот на дигитализација на услугите треба првично да биде кон оние услуги кои им се најпотребни на граѓаните и бизнисите, или пак оние кои се најфреквентни во животниот век на луѓето.

Електронски услуги- унифицирани, едноставни и достапни на едно место за сите граѓани

Дата: 26.06.2020

Денес министрите за здравство и за информатичко општество и администрација претставија дека од 1 мај досега 95% од рецептите и лековите се издадени по електронски пат.

Ако може електронски рецепти, зошто не и сите други уписи во регистри, изводи и решенија?

За да се заштити здравјето на граѓаните се потребни повеќе електронски услуги. Но за граѓаните да да почнат масовно да ги користат електронските услуги потребно е тие да се унифицирани, едноставни и достапни на едно место.

Тековната криза може да ги притисне институциите кон дигитализација на процесите, да ги натера службениците да го применуваат новиот начин на работа, а граѓаните да се навикнат и научат на користење електронски услуги. Сега се покажува дека за повеќето процеси нема потреба од директна комуникација со корисниците, туку дека администрацијата може да биде и невидлива и поефикасна.

Прочитајте повеќе од анализата

https://cup.org.mk/…/analysis-of-the-available-electronic-s…

Промовирана онлајн продавница за женско претприемништво

Дата: 19.06.2020

Пуштена е во употреба онлајн продавницата која беше изработена во рамките на проектот Развој на микро-претпријатија во сопственост на жени во прекуграничната област. На онлајн продавницата се промовирани производи изработени од страна на жени претприемачки кои се вклучени во проектот.

Дали прифаќањето на радикалните иновации е поголемо во вонредни времиња?

Дата: 08.06.2020

Се навикнавте ли да работите само дигитално?

Се навикна ли и јавната администрација да работи само дигитално?

Модернизацијата на јавниот сектор неопходна како во вонредни така и во редовни услови

Пандемијата од Ковид-19 која го стави јавниот сектор пред голем тест на способноста да функционира во вакви услови кога треба се да биде дигитализирано и достапно на далечина, а институционалните функции да течат непречено. За жал, јавниот сектор потфрли на овој тест. Службениците не се во можност да работат од дома, а неопходните информации најчесто се зачувани само локално на нивните компјутери и не постои можност за друг начин на функционирање освен физичко присуство во просториите на институцијата.

Колку се ефикасни вработените во јавниот сектор во тековната криза кога се принудени да работат од дома?

Дата: 03.06.2020

Имавте ли потреба од соработка со администрацијата за време на кризата предизвикана од Ковид-19?

Комунициравте телефонски, преку имејл или моравте да се изложите на опасност и да одите во институциите?

Дали администрацијата квалитетно ја заврши работата?

Тековната криза заради светската пандемија покажа дека нашиот јавен сектор не може целосно да функционира надвор од редовните канцеларии. Отсуството на вработените од редовните локации резултираше со незадоволство на граѓаните од услугите на институциите, а во конкретниот случај на ова истражување со мал процент на одговорени барања за пристап до информации од јавен карактер. Причина може да биде недостапноста до информациите надвор од локалните мрежи, евентуално заради чување на податоците на локален сервер/компјутер, што значи дека е недоволно институциите да имаат само заеднички фолдер, туку и дека истиот би требало да биде достапен на облак (cloud) платформа. Од друга страна, можеби отсуството на определени вработени (на пример, заради организираните дежурства во институциите поради настанатата криза) го оневозможува работењето бидејќи никој друг го нема нивното знаење, односно истото не било споделено.

Институционална меморија и споделување на знаењето во јавниот сектор

Дата: 01.06.2020

Дали јавната администрација може да ги услужи граѓаните во време на криза кога е неопходно да се работи од дома?

Дали јавниот сектор беше подготвен да работи електронски и на далечина?

Проекти

Проекти

Програма за парламентарна поддршка

Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Повеќе...
Новости

Новости

Време за дигитализација на што повеќе услуги за граѓаните

Електронски услуги- унифицирани, едноставни и достапни на едно место за сите граѓани

Промовирана онлајн продавница за женско претприемништво

Повеќе...
Публикации

Публикации

Повеќе...
Повици

Повици

Во моментов не постојат активни повици.

Повеќе...

Истражувања во нашиот фокус

Нашата цел како организација е да придонесеме кон промени во општеството преку подобри јавни политики.
Разгледајте ги истражувањата низ нашите објавени публикации.

Тековни проекти

Програма за парламентарна поддршка

Програмата за парламентарна поддршка ќе го поддржи Собранието на Република Северна Македонија (Собранието) во неговите напори за независност преку градење на консензус, структурни реформи и градење на капацитетите за институционален развој на Собранието, неговата законодавна и надзорна улога, неговата институционална транспарентност и отчетност.

Програмата за парламентарна поддршка ќе биде имплементирана од Центарот за управување со промени (ЦУП), Националниот демократски институт (НДИ) и Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС) со цел поддршка на стратешкото планирање на Собранието; реформите на системот за управување со човечки ресурси; подобрување на проценката на влијание на регулативата и процесите за јавни набавки; заложбите за отворени податоци и преку мерење на јавното мислење и мониторирање на реформските напори, вклучително и поголемо учество на јавноста во процесите на креирање политики.

Период: 01.07.2018 - 31.12.2029

Донатор:
Швајцарска агенција за развој и соработка

Работна програма: Подобра испорака на јавните услуги за граѓаните со активна вклученост на Собранието

Испораката на услуги на граѓаните е суштината на работата на повеќето владини институции. Обврските како плаќање данок, обновување на возачките дозволи, запишувањето во училиштата и аплицирањето за бенефиции, се дел од интеракциите што граѓаните ги имаат со Владата. Подобрувањето на пристапноста на јавните услуги до сите групи граѓани, вклучително и ранливите групи (маргинализираните групи, етничките малцинства, лицата со инвалидитет) е клучно во градењето доверба во владата и спроведувањето на неопходните структурни реформи во согласност со стандардите на ЕУ.

Фокусот на оваа програма ќе биде ставен на овие услуги поврзани со животни настани, поточно 118 услуги што се однесуваат на разни животни настани, категоризирани во осум области:
- Начин и постапка за започнување бизнис
- Семејство
- Вработување
- Учење / студирање
- Поведување на прекршочна постапка
- Општа деловна постапка
- Преместување (на пример, промена на лични документи, добивање информации за јавни услуги на местото на преместување, како што се училишта, болници).

Активностите во работната програма за подобрување на јавните услуги во голема мерка опфаќаат зајакнување на капацитетите на ГО за зачувување на интересите на граѓаните и нивните основни права, со што се придонесува за еден од столбовите на современите демократии - одговорна, транспарентна, партиципативна, инклузивна и ефикасна јавна администрација со висок квалитет на испорака на услуги за граѓаните. Работната програма предвидува партиципативен процес, воден од ЦУП во тесна соработка со мрежите на граѓанските организации и надлежните институции со цел да се идентификуваат мерките на политики за да се обезбеди пристап за сите граѓани кон подобри, побезбедни и поефикасни услуги.

Период: 01.01.2020 - 31.12.2020

Донатор:
Европска Унија

Проект за развој на микро-претпријатиja на жени во прекуграничната област

Проектот во целина се однесува на потенцијалните и постоечките жени претприемачи и ќе обезбеди неопходна поддршка за да ги зајакнат нивните деловни вештини и ќе обезбеди дополнителна техничка поддршка и помош на жените за да можат да ги развиваат и прошират микро и малите бизниси во прекуграничниот регион меѓу Полог на македонска и Елбасан на албанска страна. Ќе се подготват соодветни планови со цел да се изградат капацитетите на жените претприемачи околу три блока на поддршка:

1. Градење на вештини и способности на потенцијалните претприемачи за започнување сопствен бизнис.

2. Подобрување на производството и приходот за постојните микро-претпријатија и организирање на поддршка за градење на капацитетите на фирмите поврзани со производство на нови производи, подобрување на продажбата и трговијата, вмрежување и B2B средби.

3. Ревидирање на политиките за развој на микро-претпријатија и поддршка на женско претприемништво.

Период: 01.04.2018 - 30.09.2020

Донатор:
Делегација на Европската унија

Институционален грант од програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Институционалниот грант е поддржан од страна на програмата Цивика мобилитас, која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), претставена од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Грантот му овозможува на ЦУП да спроведе активности за институционален развој и организациско јакнење.

Период: 01.07.2019 - 30.06.2020

Донатор:
Цивика мобилитас - Швајцарска агенција за развој и соработка

Каталог на услуги

Управување со податоци

Управување со квалитет

ЕУ интеграции

Mеки вештини

Проектен менаџмент

Организациски вештини

Јавна администрација

Родова еднаквост и недискриминација

Наши платформи

Портал за женско претприемништво - womenpoweron.mk

Национален портал за отворени податоци - data.gov.mk

Веб портал за следење на резултатите во добро управување на општините - оpstina.mk

Веб портал за поврзување на МСП со мулти-национални компании - kompanii.mk

Веб портал за истражувачки стории - istrazi-fakti.org.mk

Веб портал за оценка на јавните услуги - javni-uslugi.mk

embed google maps
terms and conditions sample

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk