ЕВОЛВ ДООЕЛ СКОПЈЕ (EVOLVE DOOEL) е компанија формирана во 2020 година од страна на Центар за управување со промени (ЦУП) како ќерка компанија. ЦУП е единствен основач на ЕВОЛВ, со што двете организации продолжуваат да работат во синергија.
ЕВОЛВ ги презема активностите како консултации, советувања, обуки и истражувања за клиентите на ЦУП, односно услугите кои не се дел од грант средствата и проектите кои ЦУП ги спроведува како граѓанска организација. ЕВОЛВ е специфично формирана за да се издвојат активностите кои ја помагаат одржливоста на ЦУП, кој е препознатлива мислечка организација повеќе од 10 години.
ЕВОЛВ продолжува да го гради заедничкото портфолио на ЦУП и ЕВОЛВ преку проширување на опсегот на работа во истражувања и услуги за нови клиенти. ЕВОЛВ ги користи портфолиото и експертизата на ЦУП бидејќи природно произлегува од досега изградените капацитети, како најјака страна на двете организации.
ЕВОЛВ нуди услуги наменети за владата, државните институции, приватниот сектор и сите организации/институции кои сакаат да воведат структурни реформи и позитивни промени во своето работење и во поширокото опкружување.
ЕВОЛВ се стреми да стане релевантен партнер на институциите во дискусиите за јавните политики и нивното спроведување, како и мост за соработка меѓу јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.