Доколку како граѓанин или граѓанска организација сте заинтересирани за актуелизирање на одредено општествено прашање, преку оваа алатка може да поднесете и поддржите граѓански иницијативи.
Прочитај повеќеДоколку како граѓанин или граѓанска организација сте заинтересирани за актуелизирање на одредено општествено прашање, преку оваа алатка може да поднесете и поддржите граѓански иницијативи.
Прочитај повеќеЦентар за управување со промени (ЦУП) делува независно од политички партии и ги унапредува вредностите на слобода, демократија, мир, човекови права, еднаквост, фер третман и одржливост. ЦУП го задржува правото да не ги објави иницијативите кои не ги почитуваат истите вредности.
Под овие услови можете да ја користите интернет страницата на ЦУП за да креирате иницијативи, кампањи, да поттикнете свест и поддршка за одредени прашања.
Со регистрирање за да креирате иницијатива, кампања и да поттикнете поддршка и со избирање на опцијата „Се согласувам со условите за користење“ на нашата интернет страница, ги прифаќате изречно сите наведени услови за нејзино користење и се согласувате да делувате според нив.
2.1 ЦУП го задржува правото да не ја објави секоја иницијатива за која смета дека поттикнува незаконско делување, омраза, насилство, дискриминација по било кој основ.
2.1.1 Кампањите не смеат да поддржуваат ниедна политичка партија.
2.1.2 ЦУП го задржува правото да не објави иницијатива доколку смета дека:
2.1.3 ЦУП го задржува правото да не објави иницијатива која е спротивна на начелата на работа и вредностите на ЦУП и другите иницијативи поттикнати или поддржани од ЦУП.
2.1.4 Креирањето иницијатива мора да се базира на вистини и факти. ЦУП го задржува правото да не објави иницијатива која не може да се поддржи со независни докази и податоци.
2.2 За да креирате или поддржите иницијатива, мора да оставите ваши податоци на нашата веб страница. Податоците кои ги наведувате за себе мора да се комплетни и вистинити во моментот кога ги пишувате.
2.3 При креирање иницијатива, изречно наведете ако сакате да се гледа јавно кој ја креирал иницијативата, односно јавно да се гледа вашето име и презиме или граѓанска организација. Во спротивно посетителите на страницата нема да можат да видат кој ја покренал иницијативата.
2.4 Со наведување на вашата електронска адреса за креирање или поддршка на иницијатива се согласувате да добивате електронски пораки во врска со дадената иницијатива. Иако вашата адреса нема да биде јавно достапна, ЦУП одговара за содржината само на електронските пораки испратени од страна на ЦУП.
2.5 ЦУП не носи одговорност за активностите во кампања која е продолжена од друг ентитет за некоја иницијатива првично покрената преку интернет страницата на ЦУП.
2.6 ЦУП преку својата интернет страница врши влијание врз носителите на одлуки во Република Северна Македонија. ЦУП не поддржува иницијативи наменети за странски институции, организации или поединци.
2.7 ЦУП самостојно го поставува прагот на број на поддржувачи со чие исполнување се испраќа иницијативата до носителите на одлуки
2.8 Иницијативата ќе остане објавена за добивање поддршка во период од една година од нејзиното објавување. Ако во овој период, иницијативата се откаже или е постигната целта, потребно е да го известите ЦУП за да се тргне објавената иницијатива.
2.9 Оваа интернет страница прифаќа иницијативи и поддршка на иницијативи само од државјани на Република Северна Македонија.
2.10 Со поднесување или поддршка на иницијатива потврдувате дека имате над 18 години.
2.11 ЦУП го задржува правото да не ги проследи и објави вашите иницијативи, коментари и поддршка ако користите речник кој навредува, не почитува или се заканува на јавноста и на вработените во ЦУП.
2.12 ЦУП се оградува доколку иницијаторите имаат материјална или финансиска корист од доставената иницијатива.
3.1 Со наведување на своите податоци, гарантирате дека сликите, текстот и друга содржина која ја поднесувате до ЦУП се ваше оригинално дело, односно дека со авторските права на сликите, текстот и друга содржина не располага трето лице, односно дека имате дозвола или лиценца истите да ги користите на овој начин.
3.2 Со поднесување на сликите, текстот и друга содржина на интернет страницата на ЦУП, давате неотповикливо право на нивно користење, менување, репродуцирање, објавување и дистрибуирање за целите на иницијативата.
3.3 ЦУП го задржува правото да ги отстрани сите слики, текст и друга содржина кои смета дека се несоодветни, навредливи, повикуваат на насилство или претставуваат закана.
3.4 ЦУП се обврзува дека ќе ги користи имињата, адресите и другите податоци за корисниците на интернет страницата само за цели на иницијативите, а не за комерцијални цели и истите нема да ги чува подолго отколку што е потребно за целите на иницијативите.
3.5 Поради редовно одржување на интернет страницата на ЦУП, повремено може некои содржини и функционалности да не бидат достапни.
3.6 ЦУП не носи одговорност за евентуална загуба или добивка, повреда или штета настаната поради објавување на сликите, текстот и друга содржина кои се поднесени на интернет страницата во контекст на предложените иницијативи.
3.7 Се повикуваат сите посетители на интернет страницата на ЦУП да пријават содржина која поттикнува незаконско делување, омраза, насилство, дискриминација по било кој основ, навредлива или заканувачка содржина на адресата info@cup.org.mk.
4.1 Оваа интернет страница е во сопственост на ЦУП и ЦУП е одговорен за нејзино одржување и за содржината која се објавува.
4.2 ЦУП го задржува правото да ги промени условите за користење на страницата во секое време, при што изменетите услови ќе бидат веднаш објавени на страницата на ЦУП. Корисниците на страницата носат единствена одговорност за проверка на условите за користење.
4.3 Сите преземања и објавувања на содржина од интернет страницата на ЦУП мора да бидат претходно изречно дозволени од ЦУП. Се повикуваат сите посетители на интернет страницата на ЦУП да пријават недозволено преземена и објавена содржина на адресата info@cup.org.mk.
4.4 Овие услови за користење подлежат на одредбите на законодавството на Република Северна Македонија. Во случај на спор врз основа на овие услови за користење, спорот го решава Основниот суд Скопје 2 - Скопје.
Алатката за поднесување и поддржување иницијативи е финансирана од Европската Унија и програмата „Цивика Мобилитас“.
ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија
Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk
Copyright© Центар за управување со промени