За нас | ЦУП

За нас

Сподели

За нас

Здружението за развој, Центар за управување со промени (ЦУП) е непрофитна и независна организација која е формирана во 2009 година во Скопје и која ги промовира стандардите за добро демократско управување, како услов за ефикасен развој на општеството во време на динамични промени.

Организацијата се фокусира на истражувања и анализи преку како основа за ефикасни мерки и политики кои им помагаат на различни ентитети да ги прифатат промените во општеството како нормални ситуации и да ги претворат во позитивни резултати.

Организацијата верува дека зајакнувањето на капацитетите на јавната администрација, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, евро - интеграцијата и инвестирањето во луѓето се главни агенти за промена во општеството.

Нашите цели и задачи се:

Центарот за управување со промени (ЦУП) имплементира проекти кои имаат за цел да придонесат за развој на нашето општество и регионот. Нашето работно искуство се карактеризира со плодна соработка со голем број различни јавни институции на централно и локално нивово Македонија, граѓански организации и бизнис секторот дома и во странство.

Поддржуваме демократија и отворени идеи во различни сектори во општеството. Нашите проекти се базираат на методот планирај, реализирај, провери и делувај.