Мартин Тодевски | ЦУП
Сподели

Мартин Тодевски

Програмски координатор

Мартин Тодевски има дипломирано на насоката е-Бизнис на Економскиот факултет, а магистрирано на насоката Проектен менаџмент на Факултетот за електроника и информатички технологии.

Тој има широко професионално искуство во областа на е-Влада и реформи во јавната администрација. Има водено значајни проекти за дигитализација и воведување електронски услуги во администрацијата, отворени податоци и добро управување. Неговата особена област на стручност се отворени податоци и управување со квалитет. Мартин го предводеше експертскиот тим за изработка на Стратегијата за отворени податоци, го водеше проектот за имплементација на националниот портал за отворени податоци data.gov.mk и даваше поддршка на институции во идентификација и објавување на отворени податоци. Тој е ко-претседател на Советот за отворено владино партнерство. Автор е на методологијата „Барометар за квалитет на институции“, како и „Методологијата за оценка на индекс на квалитет на институциите“. Учествува како национален експерт во годишните оценски мисии на СИГМА.

Мартин Тодевски беше офицер за врска во Регионалната школа за јавна администрација РеСПА, сместена во Даниловград, Црна Гора, каде беше вклучен во период од 5 години за поддршка на РеСПА во организирање на настани за обуки, поддршка на експертските работни групи и споделување на информации помеѓу земјите членки на РеСПА.

Тој е сертифициран проектен менаџер по PRINCE2, сертифициран обучувач и аудитор за Заедничката рамка за оценка – CAF и менаџер за квалитет за ИСО 9001. Има учествувано на повеќе обуки и студиски посети за менаџмент, комуникациски вештини, информатички технологии, политики за реформи во јавната администрација и е-Влада. Автор е на неколку трудови кои се објавени во меѓународни публикации и конференции. Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со германскиот и францускиот јазик.

Неговиот интерес е развој на веб апликации.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk