Нада Димитриевска е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има одбранети тези во областа на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Има учествувано на меѓународен циклус на ЕНА ( Национална школа за администрација на Франција) во областа на борба против корупција. Исто така има учествувано во Straniak академија за демократија и човекови права, академија воспоставена од Ludwig Boltzmann институтот за човекови права од Виена. Има посетувано бројни меѓународни и национални работилници, обуки и курсеви од областа на човековите права, правна регулатива и работа на државните органи.
Претходното работно искуство го има стекнато во Собранието на Република С. Македонија од каде има 13 годишно работно искуство од областа на државната администрација, парламентарна работа како и системот и работата на органите на државна управа.
Зборува англиски и се служи со францускиот јазик.
Се занимава и има знаење на Front – end development.