Петар Камчев | ЦУП
Сподели

Петар Камчев

Надворешен експерт

Петар има повеќе од 15 години професионално искуство во областа на ЕУ интеграции, меѓународни односи и управување со проекти. Има работено на различни позиции во Секретаријатот за европски прашања и во Народната банка, каде што бил вклучен во хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ и има придонесувано во разни проекти за градење на институционалните капацитети во клучните политики.

Во моментов работи како консултант за меѓународна трговија и развој на бизниси во чија улога ги поддржува британските компании да ги идентификуваат деловните можности и можностите за раст на различни европски пазари.

Петар има магистерски студии по европска политичка економија од Лондонската школа за економија и политички науки (LSE) и магистерски студии по економија од Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk