Поддршка за подобро управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија | ЦУП
Сподели

Поддршка за подобро управување во Министерството за одбрана на Северна Македонија

Крајниот резултат на проектот ќе биде подобрување на ефективноста и ефикасноста на МО преку функционално управување со јавните набавки. Среднорочно и долгорочно, развиениот е-систем за управување со јавни набавки треба да овозможи навремено планирање и подготовка на набавки и успешна имплементација на тендерските постапки со стандардизирани документи, притоа минимизирајќи го ризикот од корупција и судир на интереси. Вистинскиот процес за јавни набавки го презема Бирото за јавни набавки, така што овој проект ќе го подобри планирањето и координацијата на набавките.

Период 15.09.2021 - 31.03.2022

Донатор: Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, преку Британската амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Министерство за одбрана

Главна цел:

Подобрено управување во Министерството за одбрана преку воспоставување систем за планирање, следење и рано предупредување во врска со процесите за јавни набавки (JН) управувани од Министерството за одбрана.

Очекувани резултати:

1.1. Единствен систем дизајниран за координација и следење на процесите за јавни набавки (ЈН) и алатка за е-управување
1.2. Алатка за координација и мониторинг за рано предупредување која има за цел да ја подобри ефикасноста на планирањето на набавките
1.3. Подобрени процедури за управување со процесите за јавни набавки и стандардизација на спецификациите (исто така со стандардите на НАТО)
1.4. Поддршка за персоналот за користење на изменетите процедури и алатка



ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk