Поддршка за реформите во јавната администрација

Проектот опфаќа поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација во процесот на реформи на јавната администрација.

Период 01.06.2013 - 31.03.2015

Донатор: Британска амбасада преку ДИВ (Дипломатски влијанија и вредности)

Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација

Главна цел:

Градење на капацитетите на Министерството за информатичко општество и администрација за управување со реформите во јавната администрација (РЈА)

Очекувани резултати:

Воспоставена комуникациска стратегија и подигната свеста кај граѓанските/државните службеници за управување со компетенции

  • Имплементирани стандарди за управување со квалитет во МИОА, преку Заедничка рамка за проценка на квалитет (КАФ), притоа создавајќи модел и за другите владини структури;
  • Спроведени обуки за градење на капацитети на вработените во МИОА за управување со проекти потребни за спроведување на сегменти од националната РЈА стратегија;
  • Развиена комуникациска стратегија за фасилитација и поддршка на процесот на управување со компетенции заснована на рамката за компетенции за управување со човечки ресурси во администрацијата на РМ;
  • Организирање на јавна кампања за поттикнување на пораки за системот заснован на компетенции, вклучувајќи и ги и најчесто поставуваните прашања;
  • Организирање на трибини, дебати и работилници во државни служби на органите на државната власт и локалните општини и поддршка во управувањето со човечки ресурси заснована на рамката за компетенции. 

Развиени компетентнции врз основа на вештини за средно ниво на менаџмент (управување со перформанси)

  • Развој на модули за обука на обучувачи за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции наменето за менаџментот од средното ниво во министерствата;
  • Избрани и обучени 10 тренери (специјалисти по човечки ресурси) кои го пренесуваат своето знаење, го обучуваат и тренираат средниот менаџмент во министерствата со цел придавање важност за проценка и развој на надлежностите на вработените;
  • Спроведени 20 обуки во 14 министерства за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции наменето за средното ниво на менаџмент;
  • Подготвена методологија за управување со компетенции како и рамка за компетенции за управувањето со човечки ресурси во администрацијата;
  • Подобрување на методологијата за управување со човечките ресурси засновани на рамката за компетенции во администрацијата;
  • Ревидирана публикацијата на стандардите за човечки ресурси, во согласност со рамката за компетенции и вклучување стандарди за еднакви можности;
  • Подготвени внатрешни процедури што ќе ја регулираат имплементацијата на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
  • Спроведена обука на одделенијата за човечки ресурси на ниво на јавна администрација во спроведувањето на управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции;
  • Обука на единици на човечки ресурси во избрани институции на државната администрација од страна на тим на обучувачи за човечки ресурси, за поддршка на имплементацијата на стандардите на човечки ресурси и стандардите засновани врз компетенции.

Воспоставени системи и процедури за управувањето со човечки ресурси засновано врз компетенции  

  • Подготвен водич заснован врз компетенции за интервју со потенцијални кандидати (барачи на работа);
  • Подготвен водич заснован врз компетенции за интервју и селекција на панели и менџаери за човечки ресурси;
  • Подготвени 17 брошури со примероци за тестирање и регрутирање засновани на компетенции, симулации, студии на случај, прашалници за основни и специфични работни компетенции;
  • Подготвен систем за е-учење за сертификација на членовите на панелот за интервјуа.

Подготвен концептот за едукација и развој во согласност со стратегијата за РЈА за спроведување структуриран приод за стекнување и развој на вештини

  • Развиени знаења за воведување на е-учење во јавната администрација;
  • Развиени 13 модули  за  е-учење наменети директно за рамката на  компетенции за управување: (1) Менџамент за промени; (2) Комуникација; (3) Управување и развој; (4) Стратегија и иновација; (5) Решавање на проблеми и донесување одлуки; (6) Постигнување резултати; (7) Едукација и развој; (8) Клиент ориентиран; (9) Работење со други; (10) Потенцијални влијанија од нови регулативи (ПВР); (11)Еднакви можности и анти-дискриминација; (12) Слободен пристап до информации; и  (13) Заштита на податоци protection;
  • Подоготвка на програма за обука и обука на високите претставници (вишото раководство), подобрување на нивните професионални вештини, суштински компетенции, специфични вештини (за техничка работа).

Проектот е поддржан од Британската амбасада



Галерија на проектот

Обука за стратешко лидерство

Студиска посета на Шкотскиот Парламент

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk