Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација

Како одговор на политичката и институционална криза во Република Македонија, опишана во извештајот на Европската Унија за 2016, проектот “Поддршка на реформата на јавната администрација” се стреми да ги зајакне принципите на добро владеење во јавната администрација. Проектот се стреми да придонесе кон враќање на довербата во институциите преку зајакнување на транспарентноста и отчетноста на институциите и воведување на систем за отворени податоци; подобрување на процесите на стратешко планирање и следење на политиките на Владата, а со тоа унапредување на ефективноста и ефикасноста на политиките; засилување на принципите на управување со човечкиот капитал во администрацијата врз принципите на заслуги и обезбедување на инклузивност и предвидливост на легислативата. 

Период 01.10.2017 - 30.06.2018

Донатор: Британска амбасада Скопје

Краен корисник на проектот: Министерство за информатичко општество и администрација.

Главна цел:

Поддршка на реформскиот процес во клучните државни институции, во рамките на стратегијата за реформа на јавната администрација и според принципите на доброто владеење.

Очекувани резултати:

 

  • Засилување на рамката за политики и стратешко планирање преку подобрени практики на мониторинг на планирањето и евалуацијата, што ќе придонесе за зголемена ефикасност и ефективност на јавните политики ориентирани кон резултатите
  • Вградување на праксата за менаџмент на човековите ресурси како стратешка вредност која ќе биде поврзана со работата на институциите, што ќе придонесе и за нивната успешна работа.
  • Подобра регулација која ќе доведе до поквалитетна анализа на можните правни последици, вклучувајќи ја и контролата на Парламентот.
  • Отворенo владеење чија цел ќе биде да ја зголемиу транспарентноста и одговорноста на централните владини институции

Проектот е поддржан од Британска амбасада Скопје



Галерија на проектот

Работилница за национална стратегија за отворени податоци

Работилница за стратегијата за отворени податоци

Обука за ПВР - Велес

Работна посета на Шведска

Студиска посета на Велика Британија

Продолжуваат обуките за ПВР

Работна средба

Работна средба за финализирање на Функционалната анализа на МТСП

Oдржана работилница за Методологијата за спроведување функционална анализа и за подготовка на План за подобрување.

Видео

Прилог на Телевизија Телма: Транспарентност – приказна или реалност?

Извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска - Сачмароска, учествуваше на јавната дискусија за агендата за транспарентност на владата на Република Македонија.

Истовремено, ЦУП активно учествува во процесот на унапредување на транспарентното и отчетно владеење преку проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", во рамките на кој се подготвува и Националната стратегија за отворени податоци. 

Македонска база на отворени податоци по британски терк

Прилог на  Телевизија Телма за концептот на отворени податоци, кој е дел од проектот "Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација", кој Центарот за управување со промени го спроведува со Министерството за информатичко општество и администрација.

Покрај извршнио директор на ЦУП, Неда Малеска-Сачмароска, придобивките од отворените податоци ги објаснува и британскиот експерт, Ендрју Стот. 

business ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

call Тел: +389 2 6092 216
message Факс: +389 2 6092 216
email e-mail: info@cup.org.mk