Конкурентноста на македонската економија на внатрешниот пазар на ЕУ | ЦУП
Сподели

Конкурентноста на македонската економија на внатрешниот пазар на ЕУ

Автор:

година: 2023

Во оваа публикација е направена детална анализа на конкурентноста на македонската економија во рамки на внатрешниот пазар на ЕУ, со употреба на два концепта: микроекономски и макроекономски концепт. При изработка на анализата беа земени во предвид 103 индикатори од Глобалниот индекс на конкурентност (ГИК) прикажани во Извештајот за глобална конкурентност на Светскиот економски форум (СЕФ). Во анализата се согледуваат предизвиците, но и потфрлањето и напредокот кој го направила владата на Северна Македонија во однос на факторите потребни за следење на постигнатите резултати. 

Целта на анализата е да се даде поддршка на компаниите за полесно справување со промените кои се потребни во насока истите да ја сочуваат својата конкурентност после приклучувањето на земјата кон внатрешниот пазар на ЕУ. Промените на пазарот, реформите во јавната администрација и зајакнување на институциите, треба да одат паралелно со процесот на преговори за членство кој Северна Македонија го отпочна. Воедно, ова треба да биде и сигнал за сопствениците на компании да имплементираат внатрешни промени, како организациски така и технолошки и структурни, со цел да опстојат после влезот на земјата на внатрешниот пазар на ЕУ, каде ќе се соочат со висока конкуренција, и доколку не се спремни да се борат ќе бидат потиснати или во најлош случај „исфрлени“ од пазарот. 

Меѓутоа овој труд дава и насоки на владата за полесно и на едно место да ги воочи сите слабости кои се резултат на несоодветна имплементација на конкурентската стратегија на Северна Македонија.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk