Весна Глигорова

Финансиски менаџер

Весна Глигорова е магистер по европски студии на Универзитетот Свети Кирил и Методиј на Економскиот факултетет во Скопје, со магистерска теза : „Перспективите на европскиот пазар на труд после последното проширување и реформираниот Лисабонски договор“. Нејзиното претходно образование исто така е во областа на економијата на Економскиот факултет во Скопје на департманот финансиски менаџмент.

Пред дипломирањето работи како одговорна за финансии и администрација во невладиниот сектор додека после дипломирањето се вработува како специјалист за финансии и економија на проектот за изградба на Центар за позитронска емисиона томографија - ПЕТ Центар во Скопје каде останува до 2014 за да после тоа се вработи како финаниски аналитичар во Холдингот Про-Кредит во Франкфурт.

Автор е на трудот објавен во “Годишникот на Економски Факултет” во Скопје под наслов „Ефектите на економската криза врз европскиот пазар на труд“, издаден од страна на Економски факултет во Скопје во 2011 год.  Има учествувано во неколку обуки и поседува неколку сертификати како што се Меѓународен сертификат за претприемништво и изработка на бизнис план издаден од страна на Европската комисија во рамки на ИПАРД програмата како и Сертификат за менаџерска програма издаден од страна на ЦЕЕД Македонија.  Одлично го користи англискиот, италијанскиот и грчкиот јазик.

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk