Announcement for engaging project manager for economic development of SMEs
schedule Date: 07.02.2018
ОГЛАС за ангажирање на
Проектен менаџер за економски развој на МСП
Основни информации:
Центарот за управување со промени (ЦУП) има потреба од ангажирање на еден проектен менаџер во областа на економскиот развој и обезбедувањето на техничка поддршка за мали и средни претпријатија – МСП.
- За позиција Проектен менаџер - експерт за економски развој на МСП
Траење на проектот: 12 месеци (март 2018 – март 2019) со можност за продолжување на дополнителни 12 месеци или повеќе во зависност од достапните програми и финансии, со полно работно време.
Задолженија, одговорности и очекувања:
Улогата на менаџерот е да го води проектот финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, во насока на намалување на јазот помеѓу меѓународните компании и домашните МСП во Македонија и да дизајнира и имплементира програми за економска соработка и развој. Основни задолженија и одговорности на проект менаџерот во насока на имплементација на проектот се:
- Да ги води економските анализи и проценката на потребите на МСП во врска со потенцијалното вмрежување како и соработка со меѓународни компании кои се присутни во земјата;
- Да ги идентификува постоечките бариери со кои се соочуваат МСП во синџирот на снабдување и да предлага решенија со цел да се подобри ситуацијата и потенцијалното вмрежување и соработка помеѓу МСП и меѓународните компании;
- Да ги идентификува МСП кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да обезбеди комуникација на дневна основа како и техничка поддршка за МСП во насока на економски развој;
- Да иницира и имплементира заеднички активности, деловни средби и регионални саеми и настани за вмрежување;
- Да обезбеди и организира обука за менаџерите на средно ниво и сопствениците на компании и претприемачи во насока да се зголеми продажбата и конкуренцијата (заедно со експерти и надворешни консулатанти) но и да работи на подобрување на техничките и технолошките стандарди на МСП;
- Да организира маркетинг настани и да спроведе истражување како и да обезбеди информации за МСП во различни области од економскиот раст и развој како и да придонесе во насока на развој на МСП како и во областа на маркетингот и продажбата на МСП
- Развој, создавање и промовирање на успешна проектна приказна;
- Да ги подготви сите неопходни проект документи, програмски и административни документи;
- Да обезбеди логистичка поддршка во спроведувањето на обуките и менторските работилници како и економска анализа и поддршка за МСП во неколку клучни области како што се:
- Подобрување на меките вештини на менаџерите на средно и високо ниво кои функционираат во МСП, како и на сопствениците на компаниите;
- Развој на мрежа за економска соработка со МСП како на национално ниво така и во регионално
- Воспоставување и подобрување на технолошките стандарди во МСП како и
- Подобрување на процесот на производство, маркетинг и продажба.
Квалификации и работно искуство
- Универзитетска диплома во областа на економија, менаџмент или бизнис развој и администрација;
- Добро познавање на локалниот и регионалниот економскиот развој МСП, солидно искуство за процесот на набавка и развојот на синџирот на вредности како и познавање на маркетинг миксот како и маркетинг каналите;
- Повеќе од 5 годишно работно искуство во соодветната област и работа на проекти;
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини;
- Одлична познавање на MS Office и компјутерски вештини;
- Одлично познавање на англиски јазик (устен и пишан);
- Тимска работа и комуникациски вештини како и флексибилен пристап во работењето;
- Способност за работа независно, под притисок и во тесни рокови;
- Важечка возачка дозвола Б категорија.
Доколку сте заинтересирани ве молиме вашето CV во европски формат на англиски или македонски јазик заедно со Уверението за завршено образование, да ги доставите во електронска верзија најдоцна до 20.02.2018 година на е-маил адреса vesna.gligorova@cup.org.mk со назнака за која позиција аплицирате.
Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.