Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје, во рамките на заедничкиот проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2014, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на односниот проект.
Во рамките на овој повик ќе се доделат од 6 до 10 мали грантови во износ од 5,000 до 10,000 евра по грант. Вкупниот износ на повикот е 60 000 евра. Организациите кои ќе учествуваат на повикот треба да бидат регистрирани и да дејствуваат според Законот за здруженија на граѓани и фондации на ниво на Република Македонија.
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 08.07.2016