Повици
Повик 04/2018 Набавка на консултантска куќа за експерти
schedule Дата: 17.09.2018 година
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во преку-граничната област”, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на поранешната југословенска Република Македонија – Албанија за 2014 и 2015”, има потреба од ангажирање на консултантска куќа која ќе обезбеди ангажирање на советници за обука и воспоставување на бизнис планови и изработка на инвестициски планови за развој на микро-претпријатијата во сопственост на жени.
- описна бараните услугите се наоѓа во Проектната задача, која е дел од овој повик
ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.
Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана.


