Call for engaging оf two legal experts | CCM
Share

Call for engaging оf two legal experts

schedule Date: 28.03.2018

За потребите на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги” кои се реализира во рамките на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите 2013, а врз основа на Договорот за грант, извршниот директор на Центарот за управување со промени донесе:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2018

за набавка на двајца правни експерти

  1. Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓански ориентиран пристап при испораката на јавни услуги“ кој е финансиран од Европската Унија, има потреба од набавка на двајца правни експерти.
  1. Фази на спроведување (прелиминарна временска рамка)

Потребно е да се испорачаат услугите во периодот од април до октомври 2018 година.

ЦУП го задржува правото на утврдување на временската рамка за испораката на нарачаните услуги од страна на добавувачот.

  1. Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата треба да ги содржи следните елементи:

Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

Р. бр.

Услуга

Цена без ДДВ (во МКД)

  1.  

Подготовка на анализа на законите кои ја уредуваат испораката на јавните услуги, кои се предмет на овој проект, со идентификувани проблеми и препораки за нивно надминување, воедно и подготовка на инпут во Каталог на услуги на МИОА

 

  1.  

Активно учество во работилница за Каталогот на услуги

 

  1. Ц

Подготовка на публикација за најчесто користените услуги за граѓаните во еден животен век

 

Тотал

*(види забелешка)

Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на квалитативната и на финансиската понуда.

Скалата на бодување врз чија основа ќе се изврши и избор на понуда е следната:

Квалитативна евалуација

Максимум можни бодови

Образование

10

Генерално работно искуство од најмалку 5 години

25

Специфично работно искуство од најмалку 3 години

25

Вкупно

60

Финансиска евалуација

Максимум можни бодови

Вкупно бодови за финансиска евалуација

40

Финална евалуација

 

Просечна оценка за квалитативна евалуација

60

Просечна оценка за финансиска евалуација

40

Вкупна оценка

100

5. Услови и начин на плаќање

Плаќање: по испорачана услуга и врз основа на фактура.

6. Набавката е неделива.

7. Начин на доставување на понудите

Понудите треба да се испратат на мејлот info@cup.org.mk и на Iskra.belceva@cup.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 4 април 2018 година до 14 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk и на iskra.belcheva@cup.org.mk најдоцна до 30 март 2018 година.

Рок на важност на понудата: најмалку 30 дена. Во случај кога понудувачот е одбран, истиот се обврзува да ги задржи понудените цени за времетраењето на кое се однесува предметната набавка.


file_copy Documentation for the call


Str.Mitropolit Teodosij Gologanov no.34a,
1000 Skopje, North Macedonia

Tel: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk