Граѓанската организација „Центар за управување со промени“ во соработка со „Центарот за одржлив развој АЛКА“ објавува повик за учество на граѓански организации во мрежа за отворено владино партнерство, како дел од проектот „Граѓаните на прво место“ кој е финансиран од Европската Унија, во рамки на компонентата за подобрување на вклученоста на граѓанското општество во креирањето на јавно мислење, политики и донесување на одлуки на национално и локално ниво. Проектот се фокусира на подобрување на транспарентноста на единиците на локалните самоуправи преку воспоставување на стандарди за отворени и паметни податоци на локално ниво, со цел подобро вклучување на граѓаните и граѓанските организации (ГО) во следењето на работата и донесувањето на одлуки од страна на единиците на локалните самоуправи.
Заинтересираните граѓански организации за вклучување во проектните активности се охрабруваат да поднесат апликација преку пополнување на формуларот за пријавување.
Крајниот рок за пријавување е 1-ви април 2016 година.