Повици
Повик за набавка на услуги за одржување на настан
schedule Дата: 22.05.2018 година
Центарот за управување со промени во рамките на проектот „ Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување “ има потреба од услуги за одржување на настан за потребите на проектот – работилница со грантистите на проектот.
Настанот треба да се одржи на 31.05.2017 година (четврток), и тоа од 10:30 до 14:00 часот (прелиминарна временска рамка).
Услугите треба да вклучуваат:
- Изнајмување на сала за настан за 35 учесници
- Коктел за 35 учесници
- Кафе пауза за 35 учесници
- Негазирани води за 35 учесници
- Проектор и простор за проектирање
Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Опис на сала за одржување на настанот
- Опис на кетеринг (кафе пауза и коктел)
- Финансиска понуда.
Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk, или во хартиена форма во архивата на Центарот за управување со промени, на адреса: ул. Рајко Жинзифов бр.44-1, Скопје.
Краен рок на доставување на понудите е до 28.05.2018 година (понеделник), до 12 часот.


