Во рамки на програмата „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните преку активна вклученост на Собранието“ Центар за управување со промени (ЦУП) објавува интерен повик за членките на мрежите на граѓански организации кои соработуваа со ЦУП во склоп на проектите „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги“ и „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ за спроведување на истражувања посветени на испораката на јавните услуги, првенствено на локално ниво.
Истражувањата се дел од планираните мерки за подобрување на јавните услуги според потребите на граѓаните и треба да послужат за прибирање податоци за проблемите со јавните услуги, кои ќе им бидат предочени на пратениците во новиот состав во Собранието на Република Северна Македонија, и кои заедно со предлог решенија ќе бидат јавно дискутирани во Собранието.
Истражувањата треба да бидат спроведени согласно методологија подготвена во рамки на програмата „Подобра испорака на јавни услуги за граѓаните преку активна вклученост на Собранието“ со активно учество на самите организации кои ќе ги спроведат истражувањата. Притоа, под јавни услуги се подразбираат услугите кои ги даваат институциите на централно ниво, нивните подрачни единици, локалната самоуправа, јавните претпријатија, установи и органи, како и органи кои работат по јавни овластувања.
Повикот е интерен, односно на него може да аплицираат само организации кои се членки на мрежата на граѓански организации кои соработуваа со ЦУП во склоп на проектите „Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавните услуги“ и „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“. Секое истражување треба да резултира со документ (меѓу 6 и 10 страници) кој треба да вклучува повеќе аспекти:
Во истражувањата задолжително мора да има содржано заклучоци или наоди и препораки за подобрување.
Документите за пријавување (пријава и биографија на истражувачот) треба да се достават исклучиво во електронска форма на iskra.belcheva@cup.org.mk (со наслов на пораката: Истражување за испорака на јавни услуги) најдоцна до 05.03.2020 година.
Предлозите ќе се избираат врз основа на следните критериуми: