Повик за експерти во областа на медиумите | ЦУП
Сподели

Повик за експерти во областа на медиумите

schedule Дата: 13.04.2017 година

За потребите на проектот „Истражувачко новинарство -  чувар на демократијата и човековите права” кој се реализира во рамките на „IPA Civil Society Organizations under the Civil Society Facility and Media Freedom Action 2014”, Центарот за управување со промени - ЦУП објавува:
 

Покана за доставување понуди за набавка на услуги

– еден експерт за анализа на перцепцијата за медиумите од страна на граѓаните и нивната доверба во македонските медиуми

– еден експерт за улогата на етичкото и професионално новинарство
 

Подетален опис на бараните услуги се наоѓа во Проектната задача, документ кој е во прилог на овој повик. Условите за доставување на понудата подетално може да ги најдете во поканата прикачена подолу.

 

Понудата се доставува електронски до следните адреси: info@cup.org.mk и iskra.belcheva@cup.org.mk.

 

Краен рок на доставување на понудите е до 24.04.2017 година до 12:00 часот.

 

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој експерт понудувач може да учествува само со една понуда, односно за само една од експертските позиции.


file_copy Документација за повикот


ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk