Центарот за управување со промени објавува оглас за ангажирање на:
1. Практикант.
Заинтересираните кандидати, за наведената позиција , треба да ја достават својата апликација исклучиво по електронска пошта на следната адреса: cupskopje@gmail.com. Апликацијата се смета за потполна доколку содржи: 1) Писмо на мотивација и 2) Биографија (CV во ЕУ формат). Крајниот рок за аплицирање е 25.03.2015. Апликациите пристигнати по крајниот рок, немада бидат префатени. Кандидатите кои влегле во потесен избор, ќе бидат поканети на разговор.
Огласот за ангажирање е дел од политиката на градење на капацитетите на организацијата и отвореност кон заедницата. ЦУП бара етични, мотивирани и креативни личности кои ќе се придружат на нејзиниот тим, кој верува во демократија и отворени идеи и ги базира своите проекти на методот: планирај, реализирај, провери и делувај.