Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област” има потреба од набавка на услуги за: изработка на on-line продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб апликацијата, фотографирање и собирање на податоци за производи и содржини, како и промоција на on-line продавницата во пошироката јавност.
На повикот можат да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Истата вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на on-line продавницата, (2) теренски дел на собирање на податоци и сликање на производите и полнење на содржини, како и (3) промоција на on-line продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.
Краен рок за доставување на повикот е 01.11.2019 до 16:00 часот.
Подетален опис на услугите, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачените документи.