За потребите на проектот „Граѓаните на прво место“ (финансиран од Сектор за централно финансирање и склучување на договори на Министерството за финансии на Република Македонија, во рамките на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба 2011), а врз основа на Договорот за грант, Центарот за управување со промени - ЦУП испраќа: Покана за доставување на понуди за ангажирање на:
1. Екперт за истражување
2. Е-Влада експерт
Краен рок на доставување на понудите е до 01.02.2016 година до 16:00 часот
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат написмено, на е-маил адреса
на ЦУП, info@cup.org.mk, најдоцна до 28.01.2016 година.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Доставувањето на понудите се врши по пошта на следната адреса:
ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ (ЦУП)
Бул. Партизански Одреди б.б.,
П.Фах 57
1020 Скопје
Во просториите на Институтот за социолошко - политичко правни истражувања (ИСППИ).