Повици
Покана за доставување понуди 03/2016 за набавка на услуги - дизајн , подготовка и печатење на промотивни материјали
schedule Дата: 08.04.2016 година
Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ кој е финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор во рамките на слободата на медиумите за 2014 година, има потреба од набавка на услуги – дизајн, подготовка и печатење на промотивни материјали.
Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk и на natalija.shikova@cup.org.mk
Краен рок на доставување на понудите е до 18.04.2016 година до 10:00 часот.


