За потребите на проектот „Граѓаните на прво место“ (финансиран од Сектор за централно финансирање и склучување на договори на Министерството за финансии на Република Македонија, во рамките на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба 2011), Центарот за управување со промени - ЦУП испраќа Покана за набавка на услуги за дизајн, подготовка и печатење на промотивен материјал.
Краен рок на доставување на понудите е до 11.04.2016 година до 12:00 часот.
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.
Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП,neda.maleska@cup.org.mk, најдоцна до 08.04.2016 година.