Покана за доставување понуди 12/2016 за набавка на услуги за изнајмување на аудио опрема за регионални обуки | ЦУП
Сподели

Покана за доставување понуди 12/2016 за набавка на услуги за изнајмување на аудио опрема за регионални обуки

schedule Дата: 15.11.2016 година

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Граѓанинот на прво место“ има потреба од изнајмување на аудио опрема за регионални обуки. На повикот се повикани да се пријават добавувачи кои исполнуваат специфични критериуми, потребни за реализација на барањата од набавката за услуги.

Подетален опис на бараните услуги и условите за аплицирање се наоѓа во повикот за предметот на набавка.    

Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана. Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk.

Краен рок на доставување на понудите е до 23.11.2016 година до 12:00 часот.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според пропозициите на повикот, нема да бидат земени предвид.

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на ЦУП, info@cup.org.mk, најдоцна до 22.11.2016 година.


ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk