Центарот за управување со промени во рамките на "Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област" објавува јавен повик до сите жени претрприемачки од Северна Македонија, да се пријават за да станат дел од онлајн продавницата www.womenpoweron.com.
Оваа платформата е финансирана од Делегацијата на ЕУ и има за главна цел да го промовира и поддржи женското претприемништво во услови на КОВИД19.
Се охрабруваат сите жени со регистриран бизнис од производствениот, услужниот и занаетчискиот сектор да се приклучат кон онлајн продавницата, со што ќе им биде овозможена зголемена продажба и промоција на нивните производи/услуги локално и регионално, без паричен надоместок.
Доколку сакате да се приклучите на платформата можете да се пријавите на следниот мејл ana.jankuloska@cup.org.mk