Повици
Набавка на централен портал за отворени податоци
schedule Дата: 07.03.2018 година
Центарот за управување со промени во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“, финансиран од Британската амбасада Скопје, набавува централен портал за отворени податоци за потребите на Министерството за информатичко општество и администрација.
Понудите се доставуваат во писмена форма во просториите на Центарот за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов бр.44/1, Скопје. Крајниот рок за поднесување на понудите е 29.03.2018 година, 12 часот.
Повеќе информации може да најдете во прикачената тендерска документација.


