Повици
Набавка на веб апликативно решение за анализа и визуелизација на податоци
schedule Дата: 08.11.2017 година
Центарот за управување со промени од Скопје, во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“, објавува повик за набавка на веб апликативно решение за анализа и визуелизација на податоци за потребите на проектот.
Понудите се доставуваат во писмена форма во просториите на Центарот за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов бр.44/1, Скопје. Крајниот рок за поднесување на понудите е 24.11.2017 година, 16 часот.
Повеќе информации може да најдете во прикачените документи, односно поканата за доставување на понуди и спецификација за бараните услуги.
file_copy Документација за повикот
- Покана за доставување на понуди за набавка на веб апликативно решение за анализа и визуелизација на податоци
- Спецификација за набавка на веб апликативно решение за анализа и визуелизација на податоци


