Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, има потреба од набавка на услуги за хотелско сместување и одржување на семинари.
Набавката се однесува за услуги за дводневен настан во 3 региони (Штип, Куманово и Тетово), односно по 1 дводневна обука за максимум 24 лица во рамки на секој регион. Понудувачи од секој од овие региони може да достават понуда за одржувањето на една дводневна обука за 24 лица.
Повеќе информации за повикот може да најдете во прикачениот документ, односно поканата за доставување понуди.
Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk, или хартиено во архивата на Центарот за управување со промени, на адреса ул. Рајко Жинзифов бр.44/1 Скопје.
Краен рок на доставување на понудите е до 19.06.2017 година до 16:00 часот.