Повици
Продолжување на Повикот за доделување грантови во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредностите на добро управување“ за Вардарски и Источен регион
schedule Дата: 14.06.2017 година
Центарот за управување со промени (ЦУП) од Скопје, во соработка со Асоцијација за Менаџмент Консалтинг 2000 (МКА-2000) и Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија (СКУП-Македонија) го имплементира проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА програмата ,,Структура за поддршка на граѓанското општество и Медиуми 2015“.
Проектот се фокусира на воспоставување на мониторинг стандарди за добро управување на локално ниво според СИГМА принципите на јавна администрација, и следење на единиците на локалната самоуправа според утврдените стандарди за добро управување, притоа зголемувајќи го учеството на граѓанските организации во креирањето и следење на јавните политики на локално ниво, влијаејќи на подобрување на работата на локалните самоуправи.
На 05.05.2017 кога беше објавен првиот повик за ре-грантирање до 29.05.2017 не беа испратени доволно апликации за Вардарски регион и Источен регион. Со таа цел се објавува повторен повик за доделување грантови на граѓански организации од Вардарски и Источен регион за реализација на проектните активности.
Грантовите ќе бидат доделени на граѓански организации исклучиво од Вардарски и Источен регион (т.е. урбаните центри Велес и Штип).
Апликацијата треба да ги содржи следните документи:
- Образец за пријавување (Прилог 1)
- Образец за предлог – буџет (Прилог 2). Буџетот треба да биде испланиран во рамките на трошоците дозволени во буџетскиот образец.
- Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистар на РМ.
- Куси биографии на клучниот персонал кој ќе биде вклучен во реализацијата на проектот и во подготовката на документите за јавни политики.
Апликациите треба да бидат поднесени преку електронска пошта на: info@cup.org.mk; cc: ivana.kjurkchieva@cup.org.mk, или во архивата на Центарот за управување со промени на следната адреса: Рајко Жинзифов 44-1, најдоцна до 30.06.2017 година, до 16:00 часот. Насловот на електронската пошта треба да биде назначен со: Апликација_ГГВ (Име на организација).
file_copy Документација за повикот
- Повик за доделување грантови
- Прилог 1 - Образец за пријавување
- Прилог 2 - Образец за предлог - Буџет


