Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“, повторно го објавување повикот за набавка на услуги за хотелско сместување и одржување на семинари во Кумановскиот регион
Набавката се однесува за услуги за одржување на 1 дводневна обука за максимум 24 лица во Кумановскиот регион. Понудувачи од овој регион може да достават понуда за одржувањето на една дводневна обука за 24 лица.
Повеќе информации за повикот може да најдете во прикачениот документ, односно поканата за доставување понуди.
Понудата се доставува по е-пошта на следната адреса: info@cup.org.mk, или хартиено во архивата на Центарот за управување со промени, на адреса ул. Рајко Жинзифов бр.44/1 Скопје.
Краен рок на доставување на понудите е до 03.07.2017 година до 16:00 часот.