Продолжен повикот за избор на 6 производи на жени претприемнички во рамки на проектот „Развој на микро-претрпијатија на жени во прекуграничната област“!
На повикот може да се пријават жени со регистриран бизнис од Полошкиот и Охридско-Струшкиот регион.
Рокот за поднесување на апликацијата е до 01.07.2020год.
Целта на овој повик е поддршката на женското претприемништво преку маркетинг промоција на нивните производи.
Во рамки на проектот ќе се овозможи маркетинг на шест производи кои имаат најголем потенцијал за извоз и промоција на меѓународни пазари. Изборот на производите ќе се врши според однапред утврдени критериуми. За избраните производи ќе се спроведе целосна маркетинг кампања, започнувајќи со: - подготовка на дизајн за промотивен материјал, - изработка на рекламно видео и – локална и регионална промоција на производите на социјалните медиуми.