Изработка на on-line продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата

schedule Дата: 18.10.2019 година

Центарот за управување со промени - ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област” има потреба од набавка на услуги за: изработка на on-line продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб апликацијата, фотографирање и собирање на податоци за производи и содржини, како и промоција на on-line продавницата во пошироката јавност.

На повикот можат да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Истата вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на on-line продавницата, (2) теренски дел на собирање на податоци и сликање на производите и полнење на содржини, како и (3) промоција на on-line продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.

Краен рок за доставување на повикот е 01.11.2019 до 16:00 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање како и потребната документација може да најдете во прикачените документи.


file_copy Документација за повикот


ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk