Консултации | ЦУП

Консултации

Сподели

Спроведување на функционална анализа (ФА)

ЦУП обезбедува стручна поддршка за спроведување на функционална анализа (ФА) на организациските капацитети и процеси, наменета за правни лица од јавниот и приватниот сектор. Целта на услугата е да се идентификуваат постојните организациски и функционални предизвици, да се оцени ефикасноста на внатрешната организација и функционирањето на работните процеси и да се утврдат можностите за нивно унапредување.

Услугата опфаќа анализа на организациската структура, надлежностите и одговорностите, распределбата на работните задачи, искористеноста на човечките ресурси, меѓусебната координација и ефикасноста на работните процеси.
Врз основа на спроведената анализа, ЦУП изготвува конкретни наоди и препораки за оптимизирање на организациската поставеност, подобрување на функционалноста, зајакнување на институционалните и организациските капацитети и зголемување на ефикасноста и ефективноста во работењето.

Изготвување на акти

ЦУП обезбедува стручна поддршка во изработка на вашите акти за внатрешна организација и систематизација, со цел воспоставување на правилна организациска структура како, основа за дефинирање на потребните работни места и добро дефинирани работни задачи.

Спроведување на проценка на влијание на регулатива (ПВР)

ЦУП обезбедува стручни услуги за процена на влијанието на регулативата (ПВР), наменети за субјекти од јавниот и приватниот сектор, со цел унапредување на процесите на креирање, анализа и донесување регулаторни и стратешки одлуки.

Анализата опфаќа процената на влијанието на предложените регулативи и јавни политики, преку анализа на постојната состојба, дефинирање на проблемите и целите, идентификување и споредба на можните регулаторни и нерегулаторни опции, како и процена на очекуваните економски, социјални, фискални, административни и други влијанија.