Нашиот тим
Бранка Минчева - Коцевска
Проектен координатор
Бранка Минчева-Коцевска е доктор на филозофски науки со специјализација во областа на етиката. Поседува и магистратура и диплома од истата област. Таа е сертифициран практичар и обучувач за спроведување на функционална анализа, сертифицирана од ENAIP, Милано, Италија.
Бранка има долго и разновидно искуство во креирање и спроведување на јавни политики поврзани со управување со човечки ресурси, реформа на јавната администрација, добро управување и етика во јавниот сектор. Нејзиниот професионален ангажман вклучува и спроведување функционални анализи, организациски развој, дизајн и реализација на програми за обука, како и интегрирање на родова перспектива во политиките и процесите и примена на родово одговорното буџетирање. Автор е на повеќе истражувања, анализи и публикации.
Кариерата ја започнува како истражувач аналитичар на двегодишниот проект „Студиско-аналитичка група за евроатлански интеграции“. Потоа продолжува во образовниот сектор, каде пет години работи како наставник по филозофски предмети во средно и високо образование. Потоа, десет години продолжува да работи во јавната администрација како раководител на Одделението за човечки ресурси во Министерството за информатичко општество и администрација (сегашно Министерство за јавна администрација). Покрај тоа, била координатор на мрежата на одделенија за човечки ресурси во јавниот сектор, координатор за спроведување на функционални анализи во јавната администрација, претседавач на националниот систем за координација со обуки на државната администрација и член на меѓусекторска, консултативна и советодавна група за еднакви можности при Владата.
Покрај тоа, таа активно соработува со домашни и меѓународни организации како што се OSCE, ODIHR, OECD/SIGMA, ReSPA, Европската Унија, UNWOMEN, UNICEF и други, како консултант во областа на реформата на јавната администрација, добро управување, етика, интегритет и родова еднаквост, со особен акцент на воведување на родовата перспектива во креирањето на јавни политики и буџети.
Во ЦУП раководи со проекти во областа на реформата на јавната администрација, со фокус на унапредување на принципите на добро управување во институциите од јавниот сектор и примена на родово заснованиот пристап при креирање јавни политики.
Области на интерес: Етика во јавна администрација, Управување со човечки ресурси, Организациски системи и култура, Службенички систем, Родова еднаквост.


