Нашиот тим
Димитар Врглевски
Проектен асистент
Димитар Врглевски е дипломиран правник при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а тековно следи мастер студии во областа на уставното право при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на додипломските студии бил повеќе пати практикант во Основен суд и Центар за социјална работа, бил член на правната клиника и студентските претставнички тела. Во граѓанскиот сектор се вклучува за време на студиите како соработник на проекти во област на човековите права, младинските политики и меѓународни размени.
Во ЦУП работи на истражувачки проекти од областа на доброто управување и јавната администрација, со фокус на правните аспекти на овие области, што подразбира анализа на законодавство и административни акти, извештаи на домашни и меѓународни институции, обработка и визуелизација на податоци. Исто така, работи на комуникациските активности на организацијата (оддржување на веб страницата и социјалните мрежи на организацијата, изработка и спроведување на промотивни материјали и кампањи), и го поддржува административното работење на организацијата.
Област на интерес: Уставно право, Административно право, Човекови права, Право на социјална заштита, Право на ЕУ.


