Димитар Врглевски | ЦУП
Сподели

Димитар Врглевски

Проектен асистент

Димитар е дипломиран правник (со фокус на јавното и европското право) при Универзитетот „Св. Климент Охридси“ во Битола а тековно следи мастер студии во областа на јавното право при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на студиите од прв циклус бил повеќе пати практикант во Основен суд и Центар за социјална работа, бил член на студентските претставнички тела на Факултетско и Универзитетско ниво (член на Универзитетски Сенат и Комисија за нормативно-правни работи во два мандати) и член на факултетската правна клиника. Во граѓанскиот сектор се вклучува како волонтер а потоа работи на проекти во област на младински политики, меѓународни размени, човекови права и едукативни кампањи како проектен асистент и тим лидер, најчесто во Прилеп и Битола.
Во ЦУП ги поддржува истражувачките активности од областа на јавната администрација, доброто управување и јавното право, обработка на податоци и нивна визуелизација, задолжен е за комуникациските активности на организацијата (оддржување на веб страницата и социјалните мрежи на организацијата, изработка и спроведување на промотивни материјали и кампањи), како и за дел од административните работи.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk