Ирена Бојаџиевска поседува докторска диплома за е-управување. Магистер е на право поточно по Меѓународно и Европско право од Универзитетот VUB во Брисел. Таа е адвокатка со 17-годишно искуство во изготвување на закони и креирање политики во процесот на интеграција во ЕУ. Учествувала во усогласување на бројни закони и подзаконски акти со законодавството на ЕУ како и изготвување национални стратегии во согласност со најдобрите практики на ЕУ. Нејзиното искуство во ЕУ е изведено од работата во Секретаријатот за прашања на ЕУ во Македонија, каде што 9 години беше вклучена во правно приближување, градење институции и меѓуинституционална координација на Комитетот и Поткомитетите за стабилизација и асоцијација. Таа понатаму ги унапреди своите вештини за креирање политики во ЕУ во Министерството за информатичко општество и администрација (2012-2015) и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (2015-2017). Во овој период, таа беше тренер за владиниот процес на интеграција во ЕУ и тренер на ОБСЕ за подготвување на закони.
Има работено и како национален и меѓународен експерт и консултант, вклучително и клучна експертска позиција во меѓународен проект на ЕУ и консултант во повеќе меѓународни проекти.
Таа работи како адвокат во адвокатската фирма и е доцент на Универзитетот Американски колеџ во Скопје.