Јасна Пајковска | ЦУП
Сподели

Јасна Пајковска

Надворешен соработник

Јасна Пајковска е доктор по социолошки науки, со специјализација во областа социологија на организациите. Таа има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирано на Филозофскиот факултет во Скопје во областа Менаџмент на Човечки Ресурси во општествените дејности, претприемништво и развој на човечките ресурси во организациите. 

Јасна Пајковска има искуство во финансии, претприемништво и управување со човечки ресурси. Има учествувано на повеќе обуки за развој на човечки ресурси, комуникациски вештини и претприемништво, исто така активен член е на Македонската асосцијација за човечки ресурси. Работи како проектен координатор на проекти во областа на развој на мали и средни бизниси, со посебен фокус на развој на женското претприемништво. Одлично го користи англискиот јазик, а се служи и со германскиот јазик. Таа е автор и ко-автор на повеќе трудови и публикации.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk