Марко Данаиловски | ЦУП
Сподели

Марко Данаиловски

Проектен асистент

Марко Данаиловски дипломирал на Università Ca' Foscari Venezia, Италија на мултидисциплинарна програма по ‘филозофија, меѓународни и економски студии’, со посебен фокус на областите меѓународна економија и развој, макроекономија и институции и економија на трудот и социјалната помош со дипломска работа на тема „Компаративна анализа на социјалните политики меѓу САД и Европа“.

За време на студиите и по нивното завршување, работел во приватниот сектор како проектен соработник, со посебен фокус на финансиско работење. Во ЦУО работи на координација и имплементација на разни проекти со посебен фокус на финансиите во областите на младите и јавната администрација, како и на развој на финансиска анализа во областа на социјалната помош и јавната администрација. Дополнително, работи на истражувачки проекти во областа на реформата на јавната администрација и дигитализацијата, со посебен фокус на анализа на финансиски документи (извештаи, буџети итн.), обработка на податоци и визуелизација. Дополнително, ги поддржува комуникациските, финансиските и административните операции на организацијата.    

Област на интерес: Финансии, економија, аналитика, јавни политики, нови технологии, вештачка интелигенција, меѓунарoдна политика.