Наталија Шикова е поранешен програмски координатор на Центар за управување со промени.
Нејзиното претходно работно искуство се состои од: новинар во неделник; локален консултант на Групата за управување со конфликти (НВО од Харвард (САД) за помирување; неколку години работно искуство за УНДП Македонија како координатор за заедниците во кластерот за спречување на криза и обнова со цел адресирање на нелегалната употреба на мало и лесно оружје, како и градење на безбедни заедници во областите погодени од конфликтот; асистент на проект поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија реализиран во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија со цел зајакнување на административните капацитети за ЕУ интеграција; асистент на проект поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија спроведен во Министерството за информатичко општество и администрација наменет за поттикнување и поддршка на реформите во јавната администрација; проектен координатор на ЕУ финансираниот проект Мрежата 23, чија цел беше да се постави механизми за мониторинг и евалуација на спроведувањето на политиките во однос на Поглавје 23 од правото на ЕУ; координатор на проект поддржан од ЕУ, дел од граѓанската мрежа за спречување на судир на интереси "Поголемо учество - помалку можности за корупција" и координатор на проект "Поголема партиципација- подобри политики и регулативи", во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, со цел спроведување на владеењето на правото преку зголемено влијание на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки и евалуација на јавните политики.
Шикова е доктор на правни науки и поседува докторат по меѓународно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Македонија. Автор на книга и автор и ко –автор на повеќе статии и документи за политика, објавени во домашни и меѓународни списанија кои се занимаваат со мерки за градење доверба, толерантно општество, соработка, реформи во јавната администрација, демократијата и човековите права, уредник на прирачници и публикации.