Неда Малеска Сачмароска | ЦУП
Сподели

Неда Малеска Сачмароска

Извршен директор

Неда Малеска Сачмароска е постар експерт со повеќе од 20 години работно искуство во областа на институционалниот и организацискиот развој во јавната администрација и во граѓанскиот сектор. Таа има длабоко контекстуално разбирање на политичката динамика и значително познавање на реформите во јавниот менаџмент и јавната администрација (РЈА), управувајќи со проекти финансирани од донатори од различен обем и комплексност.

Како основач и извршен директор на Центарот за управување со промени ССМ, има водено голем број на развојни проекти со акцент на стратешко програмирање, управување со проекти, координација, мониторинг, евалуација, управување со ризици и финансии итн. Целосно портфолио на www.cup.org .мк. Таа е овластен проект-менаџер PRINCE 2 практичар и овластен тренер и оценувач за управување со квалитет (CAF).

Од 2007 година до денес, Малеска води проекти финансирани од ЕУ и Велика Британија во областа на реформата на јавната администрација и процесот на пристапување кон ЕУ, кои го регулираат процесот на стратешко планирање и развој на политики во рамките на институциите на централната власт; развој на процес на проценка на влијанието на регулативата (РИА); поддршка на министерствата во воспоставување линии на отчетност и развој на клучни индикатори за управување со перформансите со што ќе им се овозможи внимателно следење и проценка на јавните политики, управување со човечки ресурси, подобрување на јавните услуги итн.

Како локален консултант, таа ја поддржува ОЕЦД / СИГМА во годишната проценка на напредокот на реформите во јавната администрација во Македонија, а исто така е ангажирана во други иницијативи на СИГМА: Воспоставување Висока раководна служба (ВРС); развој на наставни програми за обука за ВРС; поддршка во развојот на политика на Центар на Влада итн.

Во моментот таа има водечката улога Country Lead за С. Македонија  во Фондот за добро управување (GGF) - Техничка помош за Западен Балкан (TAF WB), во име на Тетра Тек. Таа е одговорна за дефинирање на стратегијата на програматаво РСМ, усогласување на  промените, за систмите на следење, евалуација и учење (МЕЛ) кој произлегуваат од проектите, вклучително и други политчки и економски аспекти  релевантни за GGF програмата за Северна Македонија.

Таа има проширено познавање на граѓанскиот сектор работејќи во Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) од 1999та – 2007ма година, со целосна одговорност за управување со програмите од областа на активното граѓанство, доброто управување и одржливиот развој. Овие две клучни области, реформи во јавната администрација и ангажманот на граѓанското општество нудат можност за подобро разбирање на политичкиот контекст во РСМ и поширок увид во контекстуалните промени.
Малеска е дипломиран психолог, магистер е по социјална политика и е кандидат за докторски студии на Економскиот институт од областа на јавни политики и менаџмент
Малеска има одлични аналитички вештини и има водено разни истражувања како тим лидер, автор и / или коавтор, Автор е и на разни прирачници, упатства, публикации и написи од доменот на јавната администрација.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk