Весна Бочварска Цветковска | ЦУП
Сподели

Весна Бочварска Цветковска

Финансиски директор

Весна Бочварска Цветковска е Магистер по европско право и европска интеграција стекнато на Карл Франц Универзитетот во Грац, Австрија со магистерска теза: „Реформите во јавната администрација во претходната декада“. Нејзините додипломски студии ги завршува  на Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Бугарија на отсек Европеистика.

По дипломирањето работи на проекти поддржани од Британската Амбасада во областа на градење на капацитетите за ЕУ интеграција, како и во поддршка на реформите во јавната администрација, во соработка со многу владини институции и интернационални организации. Денес работи на голем број проекти подржани од ДЕУ, Швајцарска Амбасада, УНИЦЕФ и многу други донатори во земјава. Полето на интерес и е главно во сферата на градење на капацитетите на јавната администрација, развој на стандарди за управување со Човечки ресурси, воведување на европски модели и инструменти за подобро управување со квалитетот во работењето, Проценка на влијание на регулативата, управување со промени и транспарентност, развој и управување на проекти и финансиско менаџирање и сл.

Од 2012 година таа е сертифициран обучувач, како и надворешен оценувач за „CAF“ моделот за квалитет во управувањето во јавната администрација, по што беше ангажирана како експерт за воведување на  CAF моделот во неколку владини институции и општини во последните години. Од 2018 година е и дел од тимот за подготовка на Методологијата за спроведување на Функционална Анализа во институциите од јавен сектор, и беше ангажирана за спроведување на ФА во дел од владините институциите.

Весна е еден од основачите на Центарот за управување со промени, каде работи како Финансиски директор и се грижи за целокупното менаџирање со финансиите и фондовите на ЦУП.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk