Градење на административни капацитети за ЕУ интеграција
Проектот опфаќа поддршка на Секретаријатот за европски прашања во градење административни капацитети за интеграција во Европската Унија
Период
01.04.2009 - 31.03.2011
Донатор: Британска амбасада преку СПФРЕ (Стратешки програмски фонд – Повторно обединување на Европа)
Краен корисник на проектот: Секретаријат за европски прашања
Главна цел:
Градење административни капацитети за ЕУ интеграции
Очекувани резултати:
Проектот обезбеди техничка и советодавна поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во администрирањето на процесот на европска интеграција и ја поддржа Владата во обезбедувањето на планиран, координиран и професионален административен одговор на барањата на ЕУ, преку различни но составни компоненти на проектот, како:
Подобрување на законодавството и процедурите
- Воспоставена целосно функционална структура за проценка на влијанието на регулативата во Владата и во министерствата и зајакнати капацитети. Секоја нова легислатива проаѓа низ ПВР процес. Воведување на Методологија и прирачник за проценка од потенцијалните влијанија од новите регулативи (ПВР) или Regulatory Impact Assessment (RIА); имплементација на два ПВР конкретни проекти – пилот ПВР за два закони: Закон за отпад од пакување и Закон за взаемно признавање на професионални квалификации. Поддршка и надградба на капацитетите на ПВР контакт точките и работните групи во министерствата.
- Спроведена ПВР анализа на Национално законодавство за хармонизација со Директивата 2005/36 / ЕЗ, за заемно признавање на професионалните квалификации..
Подготовка за процесот на преговори со ЕУ
- Подобрени капацитети на НПАА работните групи и идните преговарачки тимови за ЕУ за процесот на преговори преку размена на добри практики, обуки и работилници со лидерите и членовите на тимовите за преговори од ЕУ државите. Подобрени административни капацитети во три поглавја; воспоставена оперативна ИТ мрежа за да го поддржи НПАА процесот за планирање, нивото на имплементација и механизмите за мониторинг; како и хармонизација на ЕУ Директиви во конкретни поглавја од Acquis.
Подобрен системот за управување со човечки ресурси и управувањето со промени во државна администрација
- Воведување на Стандарди за управување со човечки ресурси како и нивното практикување во одделенијата за човечки ресурси во министерствата, креиран прирачник и процедури базирани на „европски добри практики“ со цел да допринесат за воведување на merit-based системот во јавната администрација во следниве области: 1. Менторство и воведна обука, 2. Управување со отсуство од работа, 3. Делегирање, 4. Комуникација, 5. Вработување и селекција, 6. Балансирана картичка на успех, 7.Проценка за потреба од обуки, 8.Оценување и дисциплинарна процедура, 9.Излезно интервју.
Реформа на јавна администрација во насока на пристапниот процес кон ЕУ
- Воведување на стандарди за управување со квалитет во Секретаријат за европски прашања, Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија и Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија, ISO: 9001, за систем за квалитет и управување со процедури и ISO: 14001, стандард за заштита животната средина; Подобрување на правилата и процедурите преку кои се управува развојот на политики и процесот на стратешко планирање во државната администрација, при што се овозможува поголема кохезија помеѓу процесот на стратешко планирање во Владините институции и приоритетите за присоединување кон ЕУ дефинирани во НПАА со процесот на буџетирање.
Комуницирање за Европа
- Воспоставување на функционален систем за ЕУ комуникација за креаторите на политики и на јавно мислење, способен да пренесе ЕУ пораки.